среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 65
home Вести

Боцвана повторно се соочува со масовна смрт на слонови

Боцвана повторно се соочува со масовна смрт на слонови

Властите во Боцвана започнаа истрага за причините за ненадејната смрт на 11 слонови во еден од резерватите во земјата.

Според Министерството за животна средина, природни ресурси и туризам, група специјалисти е испратена во резерватот Мореми да земат примероци од животинско ткиво за понатамошно истражување.

Минатата година, меѓу мај и јуни, 330 слонови угинаа во делтата Окаванго, а истражувањето откри дека нивната смрт била предизвикана од голтање токсини произведени од цијанобактерии содржани во алгите во тамошните водни базени. Тие влегле во телото на животното преку водата, предизвикувајќи интоксикација и смрт.

Денес, во Боцвана се наоѓа најголемата популација на слонови во Африка, 130 000. Во моментов има 350.000 слонови низ целиот континент. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија