вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 16
home Вести

Блумберг ќе го покрие финансиското учество на САД во Парискиот договор

Блумберг ќе го покрие финансиското учество на САД во Парискиот договор

Милијардерот и поранешен градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг ќе напише чек од 4,5 милиони долари за да го покрие финансиското учество на САД во Парискиот договор за климата оваа година.

Претседателот Доналд Трамп минатата година ги повлече САД од Договорот и тие станаа единствените што се против него.

Блумберг во интервју за Си-Би-Ес изјави оти се надева дека Трамп догодина ќе го смени мислењето. Поранешниот градоначалник на Њујорк ќе продолжи да дава пари за Договорот за климатски промени, дури и ако САД не се вратат во него.

– Фондација „Блумберг ” ќе го исполни своето ветување за покривање на сите трошоците на САД за климатските промени наметнати од федералната влада, соопшти Фондацијата.

Коронавирус