четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 2
home Вести

Блумберг инвестира уште 15 милиони долари во реклами за Бајден

Блумберг инвестира уште 15 милиони долари во реклами за Бајден

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг планира да потроши околу 15 милиони долари во текот на последната недела од кампањата за да му помогне на кандидатот за претседател на Демократската партија, Џо Бајден, да го победи актуелниот претседател Доналд Трамп во Тексас и Охајо, објави денеска „Њујорк Тајмс“.

Поранешниот градоначалник на Њујорк, кој загуби од Бајден во трката за номинација на демократите, вети дека ќе потроши до 100 милиони долари лични пари за поддршка на кампањата на Бајден за изборите на 3 ноември.

Весникот наведува дека Блумберг ја гледа Флорида како земја каде што може да го „турне“ Бајден и дека тој се согласил да одвои средства за телевизиски реклами во Тексас и Охајо, откако му беа презентирани резултатите од анкетите според кои Бајден се уште е во трката во тие две држави.

„Њујорк Тајмс“ додава дека ќе ја зголеми и рекламната кампања за Бајден на Флорида.

Трамп победи на претседателските избори во 2016 година во Таксас и Охајо и верува дека тие две земји се клучни за неговиот реизбор. Актуелниот претседател се сметаше за фаворит во двете земји на почетокот на кампањата, пренесуваат американските медиуми.

„Њујорк Тајмс“ наведува дека во ниту една од овие две земји немало посилна рекламна кампања на телевизија, како и во другите земји, „што може да значи дека инвестирањето во реклами во финишот ќе биде ефективно“. 

Коронавирус