понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 152
home Вести

Близу 40 луѓе загинаа во поплавите во Јапонија

Близу 40 луѓе загинаа во поплавите во Јапонија

Близу 40 лица се верува дека починале како резултат на поројните дождови во Јапонија.

– Обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиште во текот на викендот, при што загинаа 21 лице. Уште 18 не покажуваат знаци на живот и се верува дека се мртви, но нивната смрт сè уште не е официјално потврдена, додека 13 лица се сметаат за исчезнати, рече на прес-конференција генералниот секретар на јапонската Влада Јошихиде Суга. Тој рече дека околу 40.000 војници се вклучени во спасувачките операции, а центрите за евакуација ги преземаат сите мерки за да се спречи навлегување на коронавирус во нив.

Рекордна количина на дожд наврна во саботата претпладне во префектурата Кумамото на островот Киушу, поради што се излеаја реките и се поплавија областите на ниски надморска височина. Станува збор за најтешката природна непогода во Јапонија од тајфунот Хагибис минатиот октомври, при што загинаа околу 90 луѓе.

Коронавирус