понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 48
home Вести

Блинкен: Врската меѓу САД и Кина е веројатно најважната врска што ја имаме во светот

Блинкен: Врската меѓу САД и Кина е веројатно најважната врска што ја имаме во светот

Новиот американски државен секретар, Антони Бликен, вчера изјави дека ја поддржува соработката на САД со Кина за климатските промени и другите прашања од заеднички интерес, но, исто така, повтори дека врз муслиманите Ујгури во кинескиот регион Ксинџијанг е извршен геноцид.

-Врската меѓу САД и Кина е веројатно најважната врска што ја имаме во светот, им рече тој на новинарите.

„Овие односи се повеќе имаат некои контрадикторни аспекти, па затоа се конкурентни, но истовремено и кооперативни“, рече Блинкен, нагласувајќи дека борбата против климатските промени е во интерес на двете земји.

-Мислам и се надевам дека ќе можеме тоа да го продолжиме, што се вклопува во поширокиот контекст на нашата надворешна политика и многу загрижувачките прашања што ги имаме со Кина, прашањата што треба да се решат, рече Блинкен.

Државниот секретар беше прашан дали е можна соработката со Кина откако неговиот претходник, поранешниот државен секретар Мајк Помпео, минатата недела кажа дека Кина извршила геноцид врз муслиманите во Ксинџијанг, а тој самиот минатата недела го поддржа ваквиот став на сослушувањето пред Сенатот.

-Стојам на оценката дека врз Ујгурите е извршен геноцид и тоа не е сменето, рече вчера Блинкен и на прашањето за коментарот на Линда Томас-Гринфилд, кандидатката на претседателот Џо Бајден за амбасадорка во ООН, која кажа дека Стејт го разгледуваше ваквиот став „бидејќи не биле почитувани сите процедури”.

„Јас всушност не видов што кажала амбасадорката Томас-Гринфилд, па затоа не можам ни да коментирам“, рече Блинкен.

Бликен на вработените во кои го пречекаа во Стејт департментот им вети дека ќе ги подобри односите на САД со глобалните партнери и ќе му покаже на светот дека Америка може да биде лидер, додавајќи дека разговорите што тој веќе ги водел покажале дека има „многу , многу силна желба САД да се вратат на масата“.

ЕУРО 2020

Македонија