вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 30
home Вести

Бизнисот во време на коронавирус: За четири месеци станал милионер, еве како

Бизнисот во време на коронавирус: За четири месеци станал милионер, еве како

Овидија Олеа живее во Хонгконг каде што има своја мини-фирма, која работи на развивање на интернет-плаќањето во светот и има вработено дваесетина луѓе. Кога почнало ширењето на коронавирусот и кога Владата издала строга наредба за задолжително носење маски, Олеа решил да им излезе во пресрет на своите вработени и да им ги набави потребните маски. За себе и за вработените решил да купи стотина маски, но кога почнал да бара од каде може да ги купи, тогаш се соочил со проблем, бидејќи никаде не можел да ја најде потребната заштитна опрема.

Никако не успеал да ја набави потребната заштитна опрема. Неговата приказна почнува во јануари, кога почнал да бара маски за лице. Олеа барал во сите аптеки, но потребната заштитна опрема ја немало.

– Немаме маски, ако најдете некаде, купете ги сите и донесете ни ги за да ви ги откупиме – му рекол некој фармацевт на Олеа, во една од аптеките што ги посетил.

Почнал да бара маски и надвор од земјата. Потрагата за маски траела со денови. Во една пригода, тој прочитал дека лекарите ги фалат т.н. Н95 маски, па дошол до идеја за почне да ги бара надвор од својата земја. Олеа почнал да им телефонира на луѓе што живееле во Мексико, Турција, Индонезија и во Ирска. Но, сите тврделе дека и кај нив, поради пандемијата, има недостаток на маски. Сепак, тој не се откажал и по три дена јавување во секоја фабрика за производство на маски за која успеал да дознае, контактирал со јужноафриканската фирма „Норт сафети продуктс“, која имала околу 500.000 маски на лагер. Олеа ги купил сите за исклучиво примамлива цена.

Две недели откако била направена нарачката, маските стигнале во Хонгконг, а само за шест часа биле распродадени сите, и тоа за неколкупати повисока цена од набавната.

– Дури и 5 милиони маски да имав, и нив ќе ги продадев за рекордно време – изјавил тој.

Бизнисот почнал да „цвета“. Тогаш Олеа сфатил дека во моментов може многу да профитира од продажбата на маски, па во февруари повторно нарачал околу еден милион маски од истата фирма со која соработувал и претходно. И овие маски биле распродадени за рекордно време, а заработувачката била три-четири пати поголема.

Набргу потоа, тој добил можност да набавува и маски од Кина. Станува збор за „обичните“ медицински маски, кои ги продавал во фирми, на политичари…

За многу кратко време продал неверојатни 48 милиони маски.

Купил и машина за производство на маски. До пред само неколку недели, тој работел исклучиво со препродажба на маски, а веќе на средината на минатиот месец, набавил машина за производство на маски. Неговите планови се да произведува маски и да ги пласира на пазарот.

– Дојде некое чудно време, сите мора да се снаоѓаме како знаеме и умееме за да преживееме – изјавил Олеа за локалните медиуми.

ЕУРО 2020

Македонија