недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Биткоинот за 10 години може да падне на 100 долари

Биткоинот за 10 години може да падне на 100 долари

Веројатноста дека цената на биткоинот во наредните десет години може да падне на 100 долари е поголема отколку дигиталната валута да достигне ниво од 100.000 долари, изјави економистот Кенет Рогоф, професор на универзитетот Харвард.

– Мислам дека биткоинот по десет години ќе вреди само мал дел од сегашната вредност. За десет години многу поверојатна цена е сто долари, отколку 100.000 долари, изјави поранешниот главен економист на Меѓународниот монетарен фонд за телевизијата Си-ен-би-си.

 

Коронавирус