петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 27
home Вести

Биткоинот со нови рекорди, за 24 часа цената му порасна за 24 проценти

Биткоинот со нови рекорди, за 24 часа цената му порасна за 24 проценти

Цената на биткоинот и утрово продолжи со растот од синоќа, достигнувајќи нови рекорди и првпат еден биткоин вреди 48.000 долари.

Нови инвеститори во најпознатата и најважна криптовалута во светот, предизвика веста дека компанијата „Тесла“ купила биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари. Како што наведоа, тие сакале да обезбедат поголема флексибилност и да ги максимизираат своите приходи.

Исто така, „Тесла“ објави дека ќе овозможи употреба на биткоин како начин на плаќање при купување на нивните производи. По оваа објава, вредноста на биткоинот скокна дури 10,96 проценти – на 43.200 американски долари, а растот продолжи и после тоа.

Биткоинот зајакна неверојатни 23,93 проценти за 24 часа и се продаде за 48.049,91 американски долари во 2:03 часот по источно-американско време.

ЕУРО 2020

Македонија