понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 131
home Вести

Биткоини во вредност од 140 милијарди долари „загубени“поради заборавени лозинки

Биткоини во вредност од 140 милијарди долари „загубени“поради заборавени лозинки

Крис и Чарли Брукс се татко и син кои им помагаат на сопственици на биткоини да си ги добијат своите средства ако ги заборавиле лозинките. Очигледно тоа често се случува.

Според извештај од „Њујорк тајмс“, биткоини во вредност од 140 милијарди долари се „заробени“ бидејќи нивните сопственици ги заборавиле лозинките. Друг извештај од фирмата за податоци „Чејнанализис“ покажува дека околу 20 отсто од сите 18,6 милијарди биткоини што се ископани досега се „загубени“ во сметки во кои немало никаква промена со години.

Еден Британец побарал дозвола од локалниот совет да бара земјиште во кое мисли дека по грешка фрлил хард-диск во кој има 7,500 биткоини. Овие биткоини денес би вределе над 280 милиони долари.

Брукс откриваат дека овие „загубени“ средства не се целосно изгубени бидејќи досега им помогнале на некои сопственици да си ги вратат средствата. Според нив, околу 2,5 отсто од изгубените биткоини може да се вратат. Тоа се биткоини со вредност од околу 3,2 милијарди долари.

Тие откриваат дека хакирањето на биткоин-паричник е полесно отколку што се мисли, но за тоа се потребни време и знаење. Пред секоја работа, двајцата разговараат со сопствениците на биткоини за да разберат каква лозинка бараат. Успешно влегуваат во затворените профили на сопствениците во околу 27 отсто од обидите.

Локални избори 2021