понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 20
home Вести

„Бионтек“ започнува со испорака на ветените вакцини

„Бионтек“ започнува со испорака на ветените вакцини

Претходно и „Астра Зенека“ објави дека ќе испорача уште 9 милиони дози вакцини против ковид-19 во првиот квартал од годинава
Германската лабораторија „Бионтек“ објави дека ќе ја забрза испораката на вакцини за коронавирус во Европската Унија и вети 75 милиони дополнителни дози во вториот квартал од годината.

Според најавите, испораките ќе се зголемат од недела, 15 февруари.

Целта е да се испорача количината за која се обврзаа во првиот квартал, како и „до 75 милиони дополнителни дози за ЕУ во вториот квартал“, според постојните договори, се наведува во соопштението потпишано од финансискиот директор на „Бионтек“, Сиерко Петинг.

Изјавата е објавена пред состанокот на германската канцеларка Ангела Меркел со регионални претставници за вакцини против коронавирус.

Претходно денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Твитер објави дека „Астра Зенека“ ќе испорача уште 9 милиони дози вакцини против ковид-19 во првиот квартал од годинава или вкупно уште 40 милиони дози.

Испораките се очекува да бидат една недела порано од предвиденото.

ЕУРО 2020

Македонија