среда, 24. февруари 2021. Вести денес: 148
home Вести

Биле во брак 70 години, починале од корона во рок од неколку минути

Биле во брак 70 години, починале од корона во рок од неколку минути

Сопружниците Дик и Ширли Мик, кои биле во брак цели 70 години, починале држејќи се за раце ,од последиците на коронавирус во болницата во Охајо, само три дена пред да ја примат вакцината.

Семејството пријавило дека починале еден по друг на 16 јануари, со неколку минути разлика.

Дик имал 89, а Ширли 87 години.

Првата доза на вакцината требало да ја примат на 19 јануари, денот кога Дик ќе го прославел својот деведесетти роденден. Тој и Ширли се запознале во средно училиште и оттогаш се заедно. Во декември минатата година ја прославија 70-годишнината од бракот.

Тие имале пет деца, 13 правнуци и 28 пра правнуци. Според членовите на семејството, тие живееле активен живот, дури и во подоцнежните години. Велат дека секогаш биле заедно и дека секогаш имале доволно време еден за друг.

„Тие не беа типична деведесетгодишен и осумдесет и осумгодишна“, изјави нивната ќерка Деби Хауел за Си-Ен-Ен. “И двајцата беа многу здрави и витални за нивна возраст. Тие нè напуштија нагло”.

Ги почувствувале симптомите на болеста, но верувале дека станува збор за обична настинка. Со текот на времето, симптомите станале поизразени, по што одлучиле да се тестираат за коронавирус. Резултатите од 26 декември покажале дека се позитивни. Дик бил хоспитализиран на 2 јануари, а Ширли два дена подоцна.

Поради влошената здравствена состојба, двајцата биле пренесени во болницата. Првично требало да бидат згрижени во две различни болници, но на крајот и двајцата биле сместени во истата болница во Риверсајд.

Деби вели дека на почетокот сите биле оптимисти во врска со нивното закрепнување, но компликациите на белите дробови станале уште поизразени. Сфаќајќи дека веројатно имаат уште неколку дена живот, членовите на семејството побарале нивните родители да бидат во иста просторија.

“Не сакавме да ги разделиме бидејќи најважно во нивните животи беше да бидат заедно. Сакавме да можат да се држат за рака и да ја слушаат нивната омилена музика”, рече Деби.

Медицинската сестра составила плејлиста со нивните омилени песни во траење од два часа. Ја слушале додека се држеле за раце. Прво починала Ширли, а по неколку минути и Дик. Семејството им се заблагодарило на вработените во болницата кои покажале голема почит кон нивната љубов, пренесува Си-Ен-Ен.

With heavy hearts we share with you that our beloved parents, Dick and Shirley Meek, passed peacefully within minutes of…

Posted by Debbie Meek Howell on Sunday, January 17, 2021

Коронавирус