сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Биле на роденден кај сопругата на диктаторот: 260 итно префрлени во болница поради труење (ВИДЕО)

Биле на роденден кај сопругата на диктаторот: 260 итно префрлени во болница поради труење (ВИДЕО)

Стотици гости завршија во болница по труењето со храна на роденденската забава на Имелда Маркос (90), која се одржа на стадионот во Манила.

Поранешната прва дама на Филипините и сопруга на диктаторот Фердинанд Маркос, на забавата имаше над 2.500 гости. Но веднаш по ручекот, повеќето почнале да повраќаат, а стотици завршиле во болница со симптоми на сериозно труење.

Според министерот за здравство, Франциско Дуке, од симптоми на труење  со храна се заболени околу 260 луѓе.

Инаку, освен храната, на забавата на поранешната прва дама, сега вдовица на диктатор, имало и настапи на музички групи, шишиња со вода со ликот на Имелда, како и слични пластични кутии со храна.

Нема информација дали и славеничката е меѓу затруените.

Коронавирус