среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

„Билд“: Локдаунот во Германија би можел да трае до Велигден

„Билд“: Локдаунот во Германија би можел да трае до Велигден

Германската канцеларка Ангела Меркел на состанок на работната група на нејзината партија изјавила дека „локдаунот“ во Германија е во сила и мора да трае уште осум до десет недели, речиси до Велигден, кој оваа година е на 4 април, пишува весникот „Билд“, објавувајќи наслов „Шокантна најава на канцеларката“.

Меркел предупредува на огромниот број заразени случаи со новиот вид на коранавирус кој првично се појави во Велика Британија.

– Ако не успееме да го спречиме овој британски вирус, до Велигден ќе имаме десет пати поголема бројка, истакна Меркел, тврди „Билд“ повикувајќи се на изјави од учесници на состанокот.

Весникот наведува дека германската канцеларка неколку пати потенцирала дека нема гаранција оти мерките ќе бидат ублажени до крајот на јануари и дека целта на мерките е да се намали бројот на 50 заразени на 100.000 жители за седум дена, бидејќи само тогаш ќе биде можно да се следат контактите на инфицираните лица.

Коронавирус