понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Била киднапирана од криминалци, но со еден трик кој го научила од својата мајка си го спаси животот

Била киднапирана од криминалци, но со еден трик кој го научила од својата мајка си го спаси животот

Софија Тарнер (20) од Јужна Каролина, можеби ја избегнала смртта на неверојатен начин кога била киднапирана на улица од тројца криминалци.

Враќајќи се од колеџ навечер, Софија застанала во едно кафуле за да купи кафе и весници, потоа ја забележале тројца локални криминалци. Ја следеле сè до делот од улицата каде што немало никој и потоа ја обиколиле.

-Тие ме замолија да им го дадам ранецот и паричникот, како и телефонот. Потоа ми рекоа да одам со нив до автомобилот. Почнав да врескам, но немаше никој околу нас. Еден од нив ме удри силно во вилицата. Потоа ме фатија за рака и влеговме во автомобилот, изјави Софија за ABC News 4 откако успеала да избегне многу полошите последици од киднапирањето.

Потоа се сетила на советот на нејзината мајка, кој веројатно и го спасил животот.

-Таа ми раскажа приказна од нејзината младост кога неколку пати момче се обидело да ја силува. И рекол да одат кај него дома, а таа го одбила и избегала. Тогаш таа ми потенцираше дека, не дај Боже, ако се најдам во слична ситуација, не смеам да дозволам напаѓачот или киднаперот да ме однесе на друга локација, бидејќи таму се случуваат најлошите работи, рекла Софија.

Криминалците направиле почетничка грешка. Двајцата седнале напред, а само еден одзади во автомобилот со Софија.

-Само го чекав вистинскиот момент да ја отворам вратата и да скокнам од автомобилот. Тоа се случи на семафор во прометна улица. Така, само една минута или две по киднапирањето на семафорот, нагло ја отворив вратата и скокнав на патот. Покрај нас имаше уште неколку возачи. Почнав да врескам и да мавтам по нив. Киднаперите се исплашија и побегнаа. Тогаш еден од околните возачи повика полиција и им ги запиша регистарските таблички. Го најдоа автомобил, но не и трите лица, рече Софија, која на тој начин, благодарение на нејзината мајка, избегнала можна трагедија.

ЕУРО 2020

Македонија