петок, 23. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Бил угледен професор, а потоа ги заклал своите три деца и жена на најгрозен можен начин

Бил угледен професор, а потоа ги заклал своите три деца и жена на најгрозен можен начин

Заменик директорот и угледен професор во едно англиско училиште, кој ги убил сопругата и трите деца пред да се самоубие, во пораката пронајдена на самото место напишал дека му е жал.

40-годишниот Алан Хав, ги заклал тројцата синови Лиан, Нил и Рајан во семејната куќа, така што им ги пресекол гркланите. Исто така, ја убил и својата сопруга Клауд со секира, пред да се самоубие во август минатата година.

Но, во пораката пронајдена во куќата напишал: “Жал ми е поради начинот на кој ги убив, но едноставно немав друг избор”.

На местото на убиството на 29-ти август, била пронајдена уште една порака кај задната врата која гласи: “Ве молам, не влегувајте”.

Хав во писмото исто така објаснил дека е полесно неговите синови да бидат убиени отколку да бидат изложени на траумата на неговото самоубиство. Дури и напишал упатство да биде кремиран, пепелта да биде фрлена во море, а посебно барал да не биде погребан како католик. Хав исто така зборувал за своите грижи во кариерата, повикувајќи се на една точка во белешката за тоа како го сфаќале неговите ученици.

Професорот Хери Кенеди, клинички директор на Централната ментална болница рекол:

“Белешките за советување од март до јуни минатата година укажуваат на тоа дека Алан Хав бил вознемирен”.

Доказната постапка била заклучена, а смртта на Хав била забележана како самоубиство, а адвокатот изјавил дека убиствата биле однапред смислени.

“Од доказите претставени на судењето, Клауд и нејзините деца биле убиени во период кој обезбедил да не можат да повикаат помош”, рекол адвокатот.

Телата на жртвите биле откриени кога една сосетка ја видела пораката на задната врата.

Професорот Кенеди на сослушувањето рекол дека верува дека Хав во тоа време извршил убиство и самоубиство бидејќи “напредувал” од долготрајна депресија до тешка депресивна епизода со психотични симптоми.

“Кога луѓето ќе се најдат во тешки ментални болести, како што се многу тешки психотични душевни болести, нивното расудување е сериозно нарушено”, рекол професор Кенеди.

Коронавирус