петок, 5. март 2021. Вести денес: 139
home Вести

Бил Гејтс прими вакцина против коронавирус (ФОТО)

Бил Гејтс прими вакцина против коронавирус (ФОТО)

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, ја прими првата доза од вакцината против коронавирус. За ова тој денеска соопшти на Твитер и објави фотографија.

Гејтс наполни 65 години, и со тоа влезе во оној дел од популација во САД кој може да се вакцинира.

-Неделава јас ја примив првата доза и се чувствувам прекрасно, истакна милијардерот. Тој им се заблагодари на научниците, волонтерите, регулаторите и здравствените работници од првите борбени линии заради кои дојдовме до ова, напиша Гејтс

Тој не соопштува каква вакцина примил.

Коронавирус