вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 148
home Вести

Безос успешно слета по 11-минутниот престој во Вселената

Безос успешно слета по 11-минутниот престој во Вселената

Милијардерот Џеф Безос успешно полета и престојуваше во Вселената, со првиот свој лет преку неговата компанија „Блу ориџин“. Слетувањето по првиот нивен лет со човечки екипаж, мина без никакви проблеми.

Летот до Вселената траеше 11 минути. Меѓу астронаутите е и братот на Џеф, Марк Безос. Посадата ја сочинуваа и американската авијатичарска ветеранка Воли Фанк, која е во своето деветто десетлетие од животот, како и 18-годишниот Оливер Дајмен.

Њу Шепард“ беше лансиран во 15:00 часот по македонско време, од космодромот „Лонч сајт уан“, во западен Тексас.

Пред само 10-нa дена, еден друг милијардер и соперник на Безос во трката за вселенскиот туризам – основачот на „Вирџин Галактик“, Британецот Ричард Бренсон го имаше своето успешно „огнено крштевање“ во Вселената. Сепак, целите на „Блу ориџин“ се поамбициозни – во однос на височината до која ќе се издигне леталото „Њу Шепард“ на Безос, но и во однос на идните планови.

Безос ја основа вселенската агенција во 2000 година, со цел еден ден да се изградат вселенски колонии со вештачка гравитација во коишто луѓе ќе работат и живеат. Компанијата денес работи и на орбиталната ракета „Њу Глен“ чија цел е слетување на Месечината. (МИА)

Локални избори 2021