понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 153
home Вести

Беше родена како девојче-сирена и лекарите мислеа дека ќе умре: Како изгледа денес малата Милагрос? (ВИДЕО)

Малечката Милагрос Керон е родена во целосна сиромаштија во едно зафрлено село на Андите. На свет дојде со ретко нарушување, сиреномелија, односно „синдром на сирена“, поради што нозете и биле споени од петиците па се до интимното подрачје.
Беше родена како девојче-сирена и лекарите мислеа дека ќе умре: Како изгледа денес малата Милагрос? (ВИДЕО)

Приказната за девојчето – сирена навистина звучи како бајка. Само на Милагрос на помош и дојде хирург, а не пријател од морското дно.

Малечката Милагрос Керон е родена во целосна сиромаштија во едно зафрлено село на Андите. На свет дојде со ретко нарушување, сиреномелија, односно „синдром на сирена“, поради што нозете и биле споени од петиците па се до интимното подрачје.

Нејзините слики веднаш го обиколија светот и предизвикаа чудење, но и сожалување. Стапката на смртност во вакви случаи е огромна, а лекарите на Милагрос не и даваа никава шанса.

-Обично бебињата во ваква состојба умираат во првите 72 часа по раѓањето, вели д-р Луис Рубион, благодарение на кој Милагрос денеска е жива и здрава и тоа со раздвоени нозе. Тоа е еден од трите случаи во светот каде пациенти живеат со овој синдром.

Милагрос минала низ многу операции, дури 13 од нив како и трансплантација на бубрег во 2012 година. Сепак д-р Луис со својот тим успеа да и ги раздвои нозете.

Сето тоа не би било можно ако операции финансиски не ги помогнеше државата, бидејќи семејството на Милагрос е многу сиромашно.

Снимката на која таа за првпат застана на нозе, го обиколи светот како и нејзиното тргнување на училиште.

Со операциите Милагрос се уште не е готова, иако денеска живее речиси како здраво дете. Единствен проблем е во тоа што е многу подложна на сите инфекции. И кога ќе наполни 18 години, со естетска хиругија ќе и се исправат колената и половите органи.

Тогаш се надеваат дека Милагрос потполно ќе живее сосема нормален живот.

Коронавирус