недела, 20. септември 2020. Вести денес: 46
home Вести

Берлускони пуштен од болница каде се лекуваше од коронавирус  

Берлускони пуштен од болница каде се лекуваше од коронавирус  

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, кој беше хоспитализиран на 3 септември поради инфекција на белите дробови предизвикана од коронавирусот, денеска е пуштен од болница.

-Тоа беше тешко искушение, но благодарение на небото и лекарите од Сан Рафаел, излегов од ова искушение, можеби најопасното во мојот живот, изјави Берлускони во краткото обраќање и им се заблагодари на сите.

Берлускони, кој на 29 септември ќе наполни 84 години, на 2 септември објави дека е позитивен на вирусот, како и неговите деца Барбара (36) и Луиџи (31), но и неговата нова партнерка, 30-годишната Марта Фашина.

Поранешниот италијански премиер беше хоспитализиран како пациент со висок ризик поради возраста и претходните здравствени проблеми, вклучително и интервенција на отворено срце.

Тогаш на Берлускони му беше дијагностицирана „инфекција на белите дробови во рана фаза“.  (МИА)

Коронавирус