четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 47
home Вести

Берлин: Пожарот е локализиран, но сега властите се плашат од бомби

Берлин: Пожарот е локализиран, но сега властите се плашат од бомби

Шумскиот пожар во близина на едно село југозападно од германскиот главен град Берлин е под контрола. Ситуацијата, сепак е неизвесна поради неексплодирана муниција од Втората светска војна која таму е закопана.

Како и поголемиот дел од подрачјата, и берлинскиот регион е зафатен од топло време и суша во последните месеци, па властите предупредија дека ризиците од шумски пожари е голема, пренесува агенцијата АП.

Властите веќе им порачаа на жителите дека би требало да се евакуираат. Исто така, соопштија и дека огнената стихина уништила 90 хектари борова шума.

Коронавирус