понеделник, 1. август 2022. Вести денес: 46
home Вести

Берлин ќе биде домаќин на Форум посветен на кризата со храна

Берлин ќе биде домаќин на Форум посветен на кризата со храна

Германија ќе биде домаќин на состанок за глобалната криза со храна предизвикана од војната во Украина, на кој ќе присуствува и американскиот државен секретар Ентони Блинкен, изјави владиниот портпарол.

На состанокот в петок, насловен „Сојуз за глобална прехранбена безбедност“, ќе се разговара и ќе се обиде да најде решение за недостигот на храна предизвикан од војната, изјави портпаролот на прес-конференција во Берлин.

– Владата е особено посветена во своето претседавање со Г7 на изнаоѓање заеднички одговори на надвиснатата глобална криза со глад предизвикана од агресивната војна на Русија против Украина, рече тој.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок напиша на Твитер дека конференцијата има за цел „да ги стабилизира резервите на храна во светот“.

Западот побара од Москва да престане да ги блокира украинските пристаништа на Црното Море за да може огромните резерви на жито да се извезат на светските пазари бидејќи се зголемуваат стравувањата од глад во ранливите региони.

Москва негира дека е одговорна за кризата со храна и ги обвинува западните санкции за прекини во снабдувањето што ги зголемија цените на житото и ги поттикнаа стравувањата од глад во ранливите региони.

Средбата во Берлин ќе се одржи во време кога лидерите на Групата седум индустриски најразвиени земји се подготвуваат за средба од 26 до 28 јуни во германското алпско одморалиште Шлос Елмау.

На средбата се очекува да се приклучи и украинскиот претседател Володимир Зеленски преку видео врска.

Коронавирус