понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 104
home Вести

Берлин доби прва градоначалничка

Берлин доби прва градоначалничка

Германските социјалдемократи (СПД) победија на регионалните избори за управување со државната влада во Берлин, според првичните резултати објавени утрово, што значи дека нивната кандидатка Франциска Гифи ќе стане првата градоначалничка на германскиот главен град.

Гифи (43) која претходно беше министерка за семејство во националната влада на канцеларката Ангела Меркел, ќе ја преземе функцијата градоначалник од Мајкл Мулер од СПД, откако тој одлучи да не се кандидира повторно. СПД освои 21,4 проценти од гласовите, нешто помалку од 21,6 проценти колку што ги освоија во 2016 година, додека Зелените – 18,9 проценти од гласовите од 15,2 отсто пред пет години.

Гифи, која некогаш се сметаше за кандидат за национално раководење со СПД, поднесе оставка на функцијата министер во мај по скандалот со плагијат на нејзината докторска дисертација.

Локални избори 2021