недела, 9. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Бергамо прогласи победа над коронавирусот, веќе нема заболени од Ковид-19 во болницата

Бергамо прогласи победа над коронавирусот, веќе нема заболени од Ковид-19 во болницата

На одделот за интензивна нега при болницата „Папата Јован Тринаесетти“ во Бергамо, Италија, повеќе нема пациенти со Ковид-19. По 137 дена, болницата прогласи победа над коронавирусот. Некои пациенти кои биле погодени од вирусот остануваат хоспитализирани, но сега се негативни, пренесува „Бергамо њуз“.

Веста беше симболично одбележана, со минута молк за жртвите, а потоа и аплауз за резултатот и здравствените работници.

Пресвртницата доаѓа благодарение на посветеноста на приближно 400 здравствени работници кои работат во интензивната нега на болницата, вклучувајќи лекари, медицински сестри, негуватели и персоналот за чистење.

Бергамо и северниот италијански регион Ломбардија беа прво жариште на коронавирусот во Европа. Во најкритичните денови на пандемијата, во болницата се лекувале над сто пациенти.

Коронавирус