вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 138
home Вести

Белоруската полиција со водени топови растерува илјадници демонстранти во Минск (ВИДЕО)

Белоруската полиција со водени топови растерува илјадници демонстранти во Минск (ВИДЕО)

Во обид да растера илјадници демонстранти во Минск, белоруската полиција употреби водени топови и почна со апсење на луѓе кои денеска излегоа на улиците по ненајавената инаугурација на претседателот Александар Лукашенко.

Во Белорусија, речиси, секојдневно има протести од изборите во минатиот месец на кои Лукашенко извојува убедлива победа, но неговите противници велат дека резултатите од гласањето биле наместени.

Членот на Координативниот совет на опозицијата, Павел Латушко на социјалните мрежи напиша дека тој и неговите сојузници никогаш нема да ја прифатат фалсификуваната изборна победа на Лукашенко и побара распишување на нови претседателски избори.

– Ги повикуваме сите веднаш да започнат кампања за граѓанска непослушност, истакна Латушко.

Коронавирус