вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 156
home Вести

Белорусија бара САД да го намали дипломатското присуство во земјата

Белорусија бара САД да го намали дипломатското присуство во земјата

Белорусија им нареди на САД да го намалат своето дипломатско присуство во државата како одговор на новите санкции на Вашингтон, соопшти денеска белоруското Министерство за надворешни работи.

„Ние и предложивме на американската страна да го намали бројот на вработените во амбасадата во Минск на петмина до 1 септември“, рече портпаролот на министерството Анатолиј Глаз.

Тој ги осуди „отворено непријателските“ акции на САД.

Оваа недела, САД воведоа нови санкции против Белорусија и институции и компании поврзани со владата на претседателот Александар Лукашенко, зголемувајќи го притисокот врз белоруската влада. (МИА)

Локални избори 2021