понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 155
home Вести

Белгија прва во ЕУ по стапка на заразени од Ковид-19

Белгија прва во ЕУ по стапка на заразени од Ковид-19

Последните податоци на Европскиот центар за спречување на болести покажуваат дека Белгија е сега на прво места по стапка на заразени во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Стапката е 1.390,9 случаи на коронавирус за 14 дена на 100 илјади жители, што е повеќе од Чешка, која до сега беше рекордер.

Последните бројки на белгискиот Институт за јавно здравје меѓутоа покажуваат дека за денес, вторник, оваа стапка е повторно малку под таа на Чешка. Останува да се види како ќе еволуираат бројките во наредните денови.

На трето место по стапка на заразени во ЕУ е Луксембург, но со далеку пониска бројка од Белгија и Чешка, односно 760,4 случаи на 100 илјади жители. На четврто и петто место се Словенија и Холандија.

Чешка бележи најголема стапка на смртни случаи во ЕУ, Белгија е на второ место. (МИА)

Коронавирус