сабота, 14. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Белгија: Протест на ученици поради климатските промени

Белгија: Протест на ученици поради климатските промени

Во Белгија деца изостануваат од училиште веќе четврта недела за да се приклучат на протестите, на кои се бара поостра акција против климатските промени.

На протестот во Брисел илјадници млади се собраа пред куќата на белгискиот министер за заштита на животната средина. Нив ги поддржаа и 3.450 белгиски научници, кои велат дека „активистите се целосно во право“.

Протест на млади се одржуваат и во Германија и во Швајцарија.

Учениците на белгиските основни и средни училишта во протестната прошетка минаа низ центарот на градот, а им се придружија и постари сограѓани.

Според некои проценки на протестот имало околу 35.000 лица, слично како и минатата недела.