петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Белгија прогласи нов „локдаун“: Овие мерки ќе важат до 25-ти април

Белгија прогласи нов „локдаун“: Овие мерки ќе важат до 25-ти април

Од петок до 25-ти април Белгија повторно се затвора за да спречи трет бран од Ковид-19.

Сите епидемиолошки индикатори се зголемуваат веќе неколку недели, поради ова владата одлучи денеска дека е важно да се прогласи нов строг “локдаун“ до 25 април, период што се совпаѓа со велигденските празници во Белгија.

Училиштата ќе бидат затворени до 19 април. Отворени остануваат само есенцијалните продавници, сите други ќе смеат да работат само со закажување, сите професии кои подразбираат контакт се затвораат исто така, како што се фризерите и козметичките салони.

Работата од дома станува повторно задолжителна, со построги контроли во фирмите, додека не смее да се собираат повеќе од четири лица на едно место. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија