вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Белгија пред епидемијата со Ковид-19 уништила милиони заштитни маски

Белгија пред епидемијата со Ковид-19 уништила милиони заштитни маски

Белгиската министерка за здравство Маги де Блок изјави дека во земјата уништени се милиони заштитни маски, на кои им истекол рокот за употреба.

Таа додаде дека маските биле чувани во воен магацин во несоодветни услови и не биле за употреба.
Де Блок истакна и дека властите намерно не ги зачувале резервите со маски со цел да заштеди пари.

Белгиските здраствени власти подготвуваат нов режим, при кој резервите со маски постојано се обновуваат, а маските чиј рок на употреба истекува, ќе бидат доставени до болниците и до трговската мрежа.

Де Блок наведе дека Белгија со население од 11,5 милиони луѓе, на почетокот на март располагала со околу 100.000 маски. Оттогаш биле обезбедени неколку достави, но маските биле со послаба заштита.

Според белгиските медиуми,. Маските биле купени во 2009 година како одгово на грипот Х1Н1. Во аптеките и продавниците во Белгија веќе втора недела недостигаат сапун и други препарати.

Коронавирус