вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 29
home Вести

Белгија ослободува пет милиони евра за изнаоѓање вакцина против Ковид-19

Белгија ослободува пет милиони евра за изнаоѓање вакцина против Ковид-19

Министерот за финансии и развој на Белгија, Александер Де Кро најави дека неговата влада ќе ослободи пет милиони евра за изнаоѓање вакцина против коронавирусот Ковид-19, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Фондовите се наменети за Коалицијата за иновации за подготвеност за епидемии, позната како ЦЕПИ, составена од јавни и приватни компании.

Коалицијата се надева да развие најмалку три тест-вакцини, а првите клинички испитувања да ги започне за четири месеци, најави министерот Де Кро.

Коронавирус