сабота, 28. март 2020. Вести денес: 92
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Белгија не ги откажува школските екскурзии во Италија

Белгија не ги откажува школските екскурзии во Италија

И покрај карантинот во неколку градови во Италија, белгиската министерка за образование смета дека за сега нема причина да се откажуваат школските екскурзии во Италија.

Училиштата можат на своја рака да донесат таква одлука доколку сметаат дека е побезбедно, но државата не дава такви инструкции за сега.

-Според МНР, ситуацијата не оправдува општа мерка за забрана на школски екскурзии во Италија, но треба многу совесно да се следат препораките на министерството и секој ден да се проверува нивниот развој, зависно од тоа во која зона се одвива патувањето, изјави министерката Каролин Дезир.

Училиштата ќе бидат информирани за последните одлуки преку официјален документ.