недела, 17. октомври 2021. Вести денес: 2
home Вести

Белгија: Министерот за здравство бара задолжителна вакцинација за здравствените работници

Белгија: Министерот за здравство бара задолжителна вакцинација за здравствените работници

Министерот за здравство на Белгија, Франк Ванденбрук, изјави дека сака до крајот на оваа година да воведе задолжителна вакцинација против Ковид-19 за здравствените работници, јави дописничката на МИА од Брисел.

За министерот неопходно е медицинскиот персонал кој е во постојан контакт со болни лица да биде имунизиран.

– Ако сте примени в болница, или вашата мајка или татко, сакате да бидете безбедни, а безбедноста значи дека здравствените работници се вакцинирани. За болница или пензионерски домови станува збор за барање квалитетна услуга, истакна Ванденбрук.

Тој рече дека не може да се воведе задолжителна вакцинација за целото население иако тој би сакал сите да бидат вакцинирани и да не се сомневаат во имунизацијата, но дека е потребно за тоа да се убедат луѓето.

Министерот посочи дека се работи на закон за задолжителна вакцина против Ковид-19 на здравствените работници пред 2022 година и дека постои широк консензус за ваква мерка.

Коронавирус