недела, 11. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Белгија ќе ја одобри вакцината на „АстраЗенека“ за лица постари од 55 години

Белгија ќе ја одобри вакцината на „АстраЗенека“ за лица постари од 55 години

Белгиските медиуми јавуваат дека белгиските власти се подготвуваат да дадат зелено светло за вакцината „АстраЗенека“ за лица над 55-годишна возраст.

Новинарите од приватна телевизија ВТМ имале увид во документот на Високиот здравствен совет на Белгија и обелоденуваат дека тој се подготвува да даде зелено светло и покрај начелната забрана.

Вакцината на „АстраЗенека“ до неодамна се сметаше за опасна за лицата над 55-годишна возраст, но според последните резултати од вакцинацијата во Обединетото Кралство и Израел, таа сепак се покажала безбедна за сите возрасни групи.

Медиумот обелоденува и дека Советот ќе им препорача на властите во Белгија да дадат поголем рок помеѓу првата и втората доза на вакцината на „Фајзер“ и „Модерна“, но препорачуваат дека втората доза ја зголемува безбедноста на вакцинираните лица. За сега граѓаните чекаат помеѓу три и четири недели помеѓу двете дози, но експертите оцениле дека може да се чека и до шест недели.

Коронавирус