среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Белгија ќе експериментира со „транзициски куќи“ место затвори

Белгија ќе експериментира со „транзициски куќи“ место затвори

Соочена со пренатрупаноста на затворите, Владата на Белгија започнува нов пилот проект за затворениците, најави белгискиот министер за правда Кун Генс.

Експериментот се подготвува неколку месеци и би требало во наредните месеци или години да се конкретизира, штом бидат избрани на конкурс идните управители.

Транзициските куќи, како што се нарекуваат, би биле мали затворски објекти со поголема слобода за затворениците, со што треба да се овозможи и олесни нивната реинтеграција во општеството пред истекувањето на нивната казна.

Пилот проектот сѐ уште не е дефиниран во детали, но се очекува „чуварите“ да бидат социјални работници, способни и обучени за придружба на затворениците. Затвореници го задржуваат тој статус во однос на законот, но идејата е да им се овозможи полесен излез од куќата за одредени цели, како на пример состанок во биро за вработување и други мерки за реинтеграција во општеството, објаснуваат властите.

Повеќе невладини организации со години бараат похуман третман на затворениците и помали затвори од постоечките.

МИА