петок, 7. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Белгија: Директорите на најголемите компании со неверојатно поголема заработка од вработените

Белгија: Директорите на најголемите компании со неверојатно поголема заработка од вработените

Белгискиот економски весник “Ехо“ објави дека шефовите на најголемите фирми во земјата заработуваат до 126 пати повеќе од нивните вработени со најниска плата.

Оваа информација доаѓа само неколку недели по последниот генералниот штрајк во земјата, што беше на крајот на март, кога синдикатите се побунија дека законот не дозволува во Белгија повеќе од 0,4 отсто зголемување на платите на вработените и покрај длабоката економска криза предизвикана од Ковид-19.

Според весникот извршниот директор на фармацевтската група УЦБ заработил 6,83 милиони евра минатата година, што претставува 126 пати поголема плата од вработениот со најниска плата во оваа фирма. Директорот на Солвеј, една од најстарите белгиски компании заработил 108 пати повеќе од својот најмалку платен вработен. На трето место е директорот на АБИнБев со 66 пати поголема плата.

Коронавирус