петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 180
home Вести

Белгија: 85 нови случаи на заболени од новиот коронавирус, тројца починати

Белгија: 85 нови случаи на заболени од новиот коронавирус, тројца починати

Белгиското Министерство за здравство денеска потврди нови 85 случаи на заразени во Ковид-19.

Со ова вкупниот број на потврдени заболени случаи се искачи на 399, со тоа што се тестираат само тешко болни и вратени од ризични подрачја, реалниот број би можел да е поголем.

Од новите позитивни случаи, тројца се наоѓаат во главниот град, Брисел.

Три лица починале вчера од коронавирусот, соопшти министерството.

Триесет и шест случаи на зараза се потврдени во дом за нега на стари лица, домот е сега затворен за посети, а заболените се во изолација.

Коронавирус