петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 48
Во живо

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против мафијата, за правда и слобода

home Вести

Белата куќа одговори со допис на тужбата на Си-Ен-Ен

Белата куќа одговори со допис на тужбата на Си-Ен-Ен

Белата куќа одговори со допис на тужбата на Си- н-Ен против администрацијата на Доналд Трамп, велејќи дека новинарот нема уставно право на пристап до канцеларијата на претседателот на САД.

Во дописот се наведува дека претседателот и неговиот персонал имаат „апсолутно дискрециско право”, во поглед на пристапот на новинарите и интервјуата.

Дописот беше испратен истиот ден кога многу други медиумски организации, меѓу кои и Фокс Њуз, ја објавија својата поддршка за Си-Ен-Ен.

На известувачот на Си-Ен-Ен Џим Акоста му е одземена акредитацијата по бурна вербална комуникација со претседателот Трамп.

Светот го обиколи снимката на која Трамп му вели  на Акоста „невоспитани сте и грда личност”, бидејќи тој продолжи да поставува прашања и не и го враќаше микрофонот на младата приправничка во Белата куќа.

Потоа, Белата куќа му ја одзеде акредитација на новинарот, што ќе остане „во сила на неодредено време“, но објасни дека со оваа мерка Акоста бил казнет за упорните прашања, но и поради несоодветно однесување кон приправничката

Си-Ен-Ен поднесе тужба против претседателот и неколку негови соработници. Рочиштето беше во Вашингтон вчера попладне по американско време

Спротивно на тужбата на Си-Ен-Ен, во дописот се тврди дека „ниту еден новинар нема право според Првиот амандман да влезе во Белата куќа”.

Исто така, се наведува дека Акоста истиот ден, а подоцна и писмено добил известување за причината за забраната и се истакнува дека пристап му е забранет поради тоа што „ги прекршил новинарските правила.”

МИА

Коронавирус