понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 150
home Вести

Бела куќа: САД ќе одговорат на какво било тестирање ракети од Северна Кореја

Бела куќа: САД ќе одговорат на какво било тестирање ракети од Северна Кореја

Вашингтон ќе биде многу разочаран ако Северна Кореја тестира нуклеарна или ракета со голем дострел и ќе одговори како најголема воена и економска сила во светот, изјави  советник за безбедност на Белата куќа.

– Вашингтон има „многу алатки во својата кутија“ за да одговори на ваквото тестирање, рече Роберт О’Брајан во интервју за „Еј-Би-Си.

-Ако Ким Џонг Ун го стори тоа, ние ќе бидеме крајно разочарани и ќе го покажеме тоа, нагласи О’Брајан, осврнувајќи се на лидерот на Северна Кореја.

Северна Кореја побара од Вашингтон да понуди нова иницијатива за надминување на несогласувањата околу нуклеарната програма на Пјонгјанг. Комунистичката држава ги предупреди САД овој месец дека неуспехот да се пронајде заеднички јазик може потенцијално да резултира во несакан „Божиќен подарок“.

Коронавирус