недела, 27. септември 2020. Вести денес: 68
home Вести

Бела куќа: Од 100 до 240 илјади лица во САД ќе настрадаат од коронавирусот

Бела куќа: Од 100 до 240 илјади лица во САД ќе настрадаат од коронавирусот

Белата куќа проценува дека во САД од новиот коронавирус ќе настрадаат помеѓу 100.000 и 240.000 лица, доколку се следат сегашните упатства за социјално дистанцирање.

Прогнозите беа презентирани вчера на брифинг во Белата куќа. – Ако не се воведат мерки за социјална оддалеченост во земјата, меѓу 1,5 и 2,2 милиони луѓе би умреле, изјави координаторката на работната група во Белата куќа за борба со Ковид-19, Дебора Баркс.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика Американците да се подготват за две тешки недели и истакна дека земјата наскоро ќе го види „светлото на крајот од тунелот“.

– Сакам секој Американец да биде подготвен за тешките денови што претстојат, рече Трамп на прес-конференција во Белата куќа.

Коронавирус