недела, 20. септември 2020. Вести денес: 60
home Вести

Бејрут од дрон по разорната експлозија (ФОТО)

Бејрут од дрон по разорната експлозија (ФОТО)

Денеска е ден на национална жалост во Либан за жртвите од големите експлозии што вчера разорија поголем дел од пристаништето во Бејрут и оштетија многу згради во либанската престолнина.

Според последните информации, загинаа повеќе од 100 луѓе, додека околу 4.000 се повредени.

Либанскиот премиер Хасан Диаб изјави дека „неприфатливо е товарот на амониум нитрат, проценет на 2.750 тони, да се чува складиран шест години, без никаков надзор“, рече тој, додавајќи: „Ви ветувам дека оваа катастрофа нема да помине без одговорност. Одговорните ќе ја платат цената“, рече Диаб во телевизиското обраќање.



Експлозијата беше шокантна дури и за тој град кој беше сцена на долгогодишно бомбардирање за време на граѓанската војна, самоубиствени бомбашки напади и израелски бомбардирања.




Очевидци за Асошиетед прес изјаваат дека силината била како нуклеарна експлозија.

Во медиумите се појавија и снимки од дрон од ужастот на бејрутската Хирошима. Во страшната експлозија загинале повеќе од 100 лица, а повредени се 4000 луѓе.




Врховниот совет на одбрана на Либан синоќа го прогласи главниот град Бејрут за град погоден од елементарна катастрофа и и предложи на Владата во престолнината да се воведе вонредна состојба.



Коронавирус