сабота, 10. април 2021. Вести денес: 62
home Вести

Башар ал-Асад и сопругата Асма позитивни на коронавирус

Башар ал-Асад и сопругата Асма позитивни на коронавирус

Сирискиот претседател Башар ал-Асад и неговата сопруга Асма се позитивни на коронавирусот, но се во добра здравствена состојба, се наведува во соопштението од сириското претседателство, пренесува ДПА.

Тие направиле PЦР-тест откако почуствувале „лесни симптоми”.

„Тие се во добра здравствена состојба и стабилна кондиција и ќе продолжат со својата работа за време на нивниот домашен карантин, што ќе трае две или три недели”, се додава во соопштението, додава германската агенција.

Коронавирус