среда, 19. септември 2018. Вести денес: 170
home Вести

Барселона денеска ќе „гори“: Каталонците слават свој национален празник, Мадрид праќа полициски сили (ВИДЕО)

Барселона денеска ќе „гори“: Каталонците слават свој национален празник, Мадрид праќа полициски сили (ВИДЕО)

Денеска во Каталонија се слави Диада, националниот каталонски празник, кој ќе собере најмалку половина милион учесници.

Претседателката на националното собрание на Каталонија, Елисенда Палусие, кажала дека во понеделникот биле пријавени 440.000 луѓе и продадени 270 илјади маици со парола „Диада за Република“. Таа најавила и доаѓање на 1.500 препони автобуси од цела Каталонија.

Владата во Мадрид од своја страна најавила праќање на 600 полицајци, кои ќе им помогнат на локалните сили да се избегне инцидент, бидејќи претходната година ги имаше.

Инаку, Диада е одбележување на 11 септември 1714 година, во борбата за испразнетата шпанска круна, Каталонците застанале на страната Карло Втори од поразената династија Хабзбург. После 14 месечната опсада на Барселона градот паднал на 11 септември, а денот со времето станал дел од историјата на Каталонија.

Прв пат Диада е одбележена во 1886 година и одбележување имало се до забраната за време на диктатурата на Прима де Ривере меѓу 1923 и 1930 година. За време на Втората република, во текот на граѓанската војна, повторно било празник, но под Франко повторно било забрането.

Во демократска Шпанија, од 1976 година повторно слободно се одбележува. На почетокот нејзиниот се повеќе изразен низ барањата за широка автономија, за што сведочи насловната страна на дневниот „Вангуардија“ од 13 септември 1977 година. Но, последните години, посебно од 2012 година, станала манифестација на каталонскиот сепаратизам.

Каталонските лидери кои се во затвор или во бегство упатија заедничко писмо пред Диада, во која прокламираат слобода, правда, демократија и Каталонска република.

-Покрај ѕидовите и километрите кои не делат, ви се обраќаме вас со одлучност и сериозносност, стои во писмото објавено пред Диада.