сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 83
home Вести

Бархам Салих избран за нов претседател на Ирак

Бархам Салих избран за нов претседател на Ирак

Ирачкиот Парламент вечерва го избра Бархам Салих за нов претседател на Ирак.

Салих, кој е член на Патриотската унија на Курдистан, беше ирачки вице-премиер од јуни 2004 до мај 2005 и од мај 2006 до август 2009 година, како и премиер на автономниот регион Ирачки Курдистан од октомври 2009 до април 2012 година.

Во септември 2017 година Салих ја напушти Патриотската унија на Курдистан поради несогласување со партискиот лидер Џалал Талабани и ја формираше опозициската партија Коалиција за демократија и правда. Меѓутоа, по смртта на Талабани, Салих годинава се врати во редовите на Патриотската унија на Курдистан.

Крајниот рок на Парламентот во Багдад за избор на нов претседател на Ирак истекуваше денеска.

Коронавирус