недела, 18. април 2021. Вести денес: 89
home Вести

Барала спонзор пред да исчезне: Телото на Кристина најдено во шума (ФОТО)

Барала спонзор пред да исчезне: Телото на Кристина најдено во шума (ФОТО)

Безживотното тело на 19-годишната студентка Кристина Приходко било пронајдено во шума во близина на Новосибирск, два дена откако било пријавено дека исчезнала.

Нејзиното голо тело било оставено во најлон во близина на резервоар за вода во дивина во близина на реката Об. Телото било прекриено со снег.

Девојката која многумина ја опишувале како убавица со манекенски изглед, била убиена, а истрагата покажала дека студентката пред смртта била силувана. Двајца мажи постари од 28 години биле осомничени за ова страшно злосторство, а уапсени биле кога полицијата во текот на контролата сопрела возило во кое била пронајдена чизма на убиената девојка.

Полицијата предупредила дека убиството кое привлекло големо медиумско внимание во Русија веројатно било внимателно планирано.

Кристина, како и многу атрактивни студентки поставила свои провокативни фотографии на руски сајт на кој млади Русинки бараат спонзори, па полицијата се сомнева дека била убиена така што била намамена преку оглас.

Верувајќи дека оди на интервју за фотографирање, девојката отишла во куќа далеку од градот. Нејзиниот татко пријавил дека исчезнала истиот ден кога не се вратила дома од факултет.

Коронавирус