понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 174
home Вести

Банката Голдман Сакс казнета 109,5 милиони долари поради афера со податоци

Банката Голдман Сакс казнета 109,5 милиони долари поради афера со податоци

Банката Голдман Сакс ќе им плати казна од 109,5 милиони долари на федералните и властите на државата Њујорк во рамки на спогодбата за обвинувањата дека нејзини банкари незаконски делеле податоци од свои клиенти со други банкари.

Министерството за финансии на Њујорк ќе добие 54,75 милиони долари, а истата сума ќе се слее и на сметката на Федералните резерви, наведено е во вчерашното заедничко соопштение на тие две институции.

Голдман Сакс е една од неколку банки вмешани во скандалот, во кој трговците со валути во големите фирми на Волстрит преку интернет „собите за разговор“, коментирале за своите клиенти. Со споделување на информации, банкарите можеле да го насочат во своја корист пазарот на странски валути вреден 5,3 милијарди долари.

Меѓу банките, кои се казнети поради учество во скандалот, се и ЏејПиМорган, Чејс, Ситигруп, ХСБЦ и Барклиз.

(Миа)

Коронавирус