сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 75
home Вести

Бандата од Хаити бара откуп за 17-те киднапирани мисионери

Бандата од Хаити бара откуп за 17-те киднапирани мисионери

Бандата која во саботата на Хаити киднапираше група мисионери од САД и Канада, бара откуп од милион долари за секое киднапирано лице или вкупно 17 милиони долари, изјави хаитскиот министер за правда.

Истите криминалци во април киднапираа група католички свештеници, кои подоцна биле ослободени, но не е познато дали за нив е платена откупнина.

Сите киднапирани се американски државјани, освен еден кој е од Канада. Меѓу нив има пет мажи, седум жени и пет деца. Најмладото дете наводно има само две години, пишува Би Би Си.

Мисионерите работеле за Christian Aids Ministries, непрофитна организација со седиште во американската држава Охајо, која набавувала храна и облека за децата од Хаити и им обезбедувала потребно сместување.

Седумнаесет христијански мисионери и членови на нивните семејства беа киднапирани во саботата од членови на банда во главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс.

Мисионерите беа киднапирани од автобус кој се движеше кон аеродромот за да остават некои членови на групата пред да продолжат на друга дестинација на Хаити, се вели во извештајот. Тие се враќале од посета на сиропиталиште.

Весникот „Вашингтон пост“ објави порака која на Ватсап ја испратила една од жртвите за време на киднапирањето.

– Ве молам, молете се за нас! Не држат како заложници, го киднапираа нашиот возач. Молете се, молете се. Не знаеме каде не носат, пишува во пораката.

Коронавирус