Посетителите на парк во Берлин во неделата биле запрепастени кога забележале група луѓе како печат 12 јагниња на жар.
Ражните биле приклучени на акумулатори од возилата, а за гаснење на скарата на отворено која што ја подготвиле Босанци – била повикана да интервенира и противпожарната единица.
Полицијата вели дека останала во шок од одговорот на Балканците.
Откако полицијата ја запрашала групата на луѓе што прават овде, тие им рекле дека го прославуваат Ѓурѓовден како и секоја година.