петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 6
home Вести

Баку: Ерменија гранатира две области долж Нагорно Карабах

Баку: Ерменија гранатира две области долж Нагорно Карабах

Азербејџанското Министерство за одбрана денеска соопшти денеска дека Ерменија ги гранатирала областите Татар и Агдам во близина на Нагорно Карабах.

Азербејџанското Министерство претходно објави дека борбите околу Нагорно Карабах продолжиле претходниот ден и во текот на ноќта во три насоки на зоната на конфликтот.

Ерменија и Азербејџан во саботата го постигнаа вториот договор за хуманитарен прекин на огнот, кој стапи во сила на полноќ по локално време, но двете земји веднаш почнаа меѓусебно да се обвинуваат за кршење на примирјето.

Обновените судири околу Нагорно Карабах избувнаа на 27 септември откако азербејџанските и ерменските сили се судрија на границата меѓу двете земји во текот на летото. (MИА)

Коронавирус