понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 40
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Бајден за првпат излезе од дома по десетнеделен карантин

Бајден за првпат излезе од дома по десетнеделен карантин

Веројатниот кандидат за претседател од Демократската партија, Џо Бајден, синоќа за првпат по десетнеделен карантин, излезе од дома и го посети меморијалниот споменик по повод празникот Ден на сеќавањето.

Бајден, заедно со својата сопруга Џил, положија венец со свежи цвеќиња на споменикот за ветераните од Втората светска и од Корејската војна во неговиот град Вилмингтон.

Иако претседателските избори се за околу пет месеци, и тој е веројатен кандидат кој ќе се спротистави на актуелниот претседател Доналд Трамп, Бајден седеше дома, не беше многу активен, и во последите недели одржа неколку онлајн настани.

Иако се придржуваше на мерките да се остане дома, Трамп пак од неодамна започна активна кампања со повеќе патувања, и во имзинатата недела беше на митинзи во некои од таканаречените колебливи (свинг) држави како Аризона, Мичиген и Пенсилванија.

Во анкетите за популарност, засега води Бајден, додека рејтингот на Трамп е намален, поради тоа како се справува неговата Администрација на опасното ширење на пандемијата во САД.  (МИА)

Парламентарни избори 2020