понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 1
home Вести

Бајден во првото обраќање: Ќе ги превртиме небото и земјата за сите да се вакцинираат(Во живо)

Бајден во првото обраќање: Ќе ги превртиме небото и земјата за сите да се вакцинираат(Во живо)

Новиот американски претседател Џо Бајден и се обрати на американската јавност по повод презентацијата на планот за борба против пандемијата на коронавирус.

“Ќе ги превртиме небото и земјата за бесплатно да вакцинираме што е можно повеќе Американци. Оваа пандемија не е од вчера, но ќе ја победиме. Мојот план се заснова на науката, а не на политиката”, рече Бајден на почетокот на обраќањето од Белата куќа.

„Досега не можевме да се потпреме на федералната влада, требаше да се справиме со итноста, фокусот и координацијата за да се бориме против пандемијата, а потоа ја плативме цената“, рече тој, додавајќи дека Америка во последните неколку недели забележала смртност од 3.000 до 4.000 од ковид дневно.

“Ситуацијата ќе биде многу полоша пред да се подобри. 20% од смртните случаи ширум светот се во САД, иако нашата земја сочинува само 4% од светската популација”, рече тој.

Коронавирус